*** ( текстот не е краток, па се надевам дека нема да ве мрзи да го прочитате до крај )
Македонци и Македонки
Како што е и ред, би требало да се поднесе "извештај" за досега сработеното и за состојбата во државата за изминативе неколку дена додека бев претседател, па накратко да го сторам прво тоа.
Од вториот ден во играва, откако бев избран за претседател преку конгресот и ја превзедов Националната организација па се досега се направи следново:
-
Фабрика за леб со квалитет 4 лоцирана во Македонија
-
Фабрика за жито со квалитет 3 лоцирана во Македонија
-
Фабрика за железо со квалитет 2 лоцирана во Грција
-
Втора фабрика за железо со квалитет 2 лоцирана во Бразил
-
Фабрика за оружје со квалитет 1 лоцирана во Грција
Впрочем ова се и фабриките од кои добивавте и ќе добивате рефунд, кое што се разбира зависи од тоа што ќе одлучи оној кој што ќе биде избран за претседател на престојните избори, но јас би претпочитал да продолиме со работата за рефунд како што и почнавме со што сите ќе добивате многу поголема плата ( во опрема ) па полесно ќе се здобиете со ХР поени за кревање на ниво и да добиете повеќе голд на тој начин на почетокот.
За пријателство со државите и алианса може да ви кажам дека и овде сме многу големи пријатели со Бугарија, но исто така пријатели сме и со Португалија, Германија, Бразил, Хрватска, Турција и со уште неколку други држави со кои немаме потпишано МПП поради фактот што тие немаа доволно голд, па ние истиот кој што го направивме го искористивме за надградба на фабриките. Статусот на алиансата и не е баш познат бидејки многу од државите сеуште се во бессознание за "постоењето" на истата, така да неможе да ви кажам со сигурност што се случува со тоа.
Уште на почетокот на играта имав стапено во контакт со Литванија и Полска за сојузништво, но и двете ми рекоа дека иако не сметаат за држава која може да биде одличен сојузник, нашата местоположба на балканот е многу непогодна, а си имаат и планови што да прават, така да не ми дадоа конечен одговор, но истото можеше да се забележи од нивните постапки па ние излеговме на спротивната страна.
Исто така имам стапено во контакт и со Америка која е уште една од светските сили, но тие рекоа дека несакаат да се мешаат во европа со европските држави ( "сеуште несакаат да се мешаат" ), затоа и не потпишавме МПП со нив, бидејки сеуште немаат избрано конечна страна покрај многуте покани за сојузништво кои ги имаат добиено ( тоа беше нивниот одговор ).
За моменталните војни може да ви го кажам следново,да се носиме со Грција можеме, но да се носиме со Србија и нивните сојузници НЕ, бидејки и се што имаме да потрошиме може и ке успееме еднаш да се одбраниме ако имаме среќа и ако се зафатени со поважни битки, но вториот пат кога ќе навалат ќе бидеме без ништо и нема да може да пружиме никаков отпор па многу лесно ќе не окупираат. Доколку сакате да знаете зошто пуштаме Грција да земе од нашите региони штом можеме да се носиме со нив, тоа е поради фактот дека од нив можеме да се ослободиме многу полесно, додека пак доколку Србија не окупира, да се ослободиме од нив ќе биде режиси невозможно, исто како и на претходната е-Сим.
Накратко или на долго тоа би било се за досегашните случувања, а сега за кандидатурата.
За оние кои ме знаат од претходната игра, веќе знаат кој сум и што се можам да направам.
Јас бев претседател и на почетокот на претходната игра и работите околу државата и рефундот беа исти како и овде се додека не дојде друг претседател на мое место и не го уништи сето тоа ( луге сме, грешиме )
Оние кои што не ме знаат, сигурно слушнале за мене од некои луге добри од некои лоши зборови, но кој сум вистинскиот јас може да ме запознаете само доколку сте во контакт со мене, а не доколку некој ви ја наполни главата со било какви глупости за мене
Деновиве слушнав многу лоши работи за мене од луѓе кои што непрестајно ме оговараат, но не им замерувам, само ќе им одговорам вака:
-
Добар економист лош војувач ? > За жал многу подобар војувач сум отколку економист. Точно е знам дека ми оди економијата, но тоа е базирано на "снајди се па живеј" и на "помогни им на другите,. па можеби еден ден ќе ти бидат благодарни", што е чиста вистина, ако се снајдеш се ке ти оди од рака, а и најголем дел од лугето се благодарни за се што си направил за нив, иако има еден дел и што не се па ако имаат прилика од зад грб ке се обидат да те заколат ( е второто ми се случи на претходната игра, многумина може да се пронајдат во тоа ). Инаку јас сум многу подобар тактичар отколку што сум добар во економијата, а за тоа може да послужи самата историја на играва уште од првиот сервер која ја основав алиансата која ја уништи мокната Бугарска империја ( да, на почеток бевме на спротивна страна со бугарите ), ги направив плановите за уништување на полска, а и за неколкукратното бришење на србија откако не продадоа на Грците
, сепак неможам да го направам и невозмочното кое што голем дел се должи на незаинтересираноста на некои од нашите луѓе, но и на малиот број популација и воена моќ која ја поседуваме.
-
Не сум доволно активен ? > Јас се обидувам да бидам што е можно поактивен и мојата работа ми го ограничува времето па неможе да седам цел ден на компјутер за разлика од повеќето од вас, бидејки честопати се случува и да останеме прекувремено на работа па нема да може да се вклучам до доцна попладне ( да истата онаа работа која ми овозможува да си ја плакам и сметката за интернетот за да можам воопшто да доаѓам онлајн, но затоа се замениците ), па сега ако за тоа немате разбирање тогаш тоа е ваш проблем не мој, јас се обидувам да направам се што можам подобро за разлика од некои кои што се обидуваат да оцрнат некој што е можно повеќе.
-
Дозволувам да ја окупираат Македонија ? > Само морон би рекол такво нешто, бидејки оние кои се информирани па и оние кои не се информирани доколку погледнат на мапата може да забележат дека имаме една од најнепогодните положби во цел еСвет, па колку и да сакаме да го негираме тоа неможеме, а од таму и се гледа колку може да се направи на воен план ( поради истово, многумина ви ги полнат главите со глупости дека несум добар војувач итн. но и дека тие можеле да направат повеќе на воен план, да ја одбранат/ослободат државата и ред други работи кои што се чисти глупости и неостварливи, но се кажани само за да ги сметате дека се тие подобри бидејки оцрнуваат некој друг, но сепак секој сам си ја копа својата дупка во која што пропаѓа, па може слободно да повелат и да продолжат со тоа ). Србија е на страна на државите со најголема популација во играва кои се супер мокни и често купуваат голд, додека ние сме на другата страна поради нивната желба за освојување нашиот регион ( Пелагонија ) и не сме во ситуција да бираме што ќе се случи со нас.
Сите кои што бараа да има поделба во тек на целиот ден ако сакаат може да сватат дека сепак сите сме луѓе и неможе да седиме 24 часа дневно на играва бидејки и ние имаме обврски во вистинскиот живот, а колку тоа на вас ви се допаѓа или не може да го покажете сами на изборите, преку конгрес и слично. Сепак и за тоа е донесено поповолно решение кое е напишано малце подолу.
Идните планови кои штотреба да бидат спроведени доколку бидам избран за претседател на престојните претседателски избори во кратки црти се следниве:
- Воспоставување на подобра комуникација со прекуокеанските држави и проширување на пријателствата со некои од останатите држави
- Проширување на тимот на Министерството за одбрана на минимум 4-5 луѓе ( сите тие луѓе ќе имаат пристап ( пасворд ) од новоотворената организација (
Ministerstvo za Odbrana ) во која ќе се праќа опрема од националната организација и преку која ќе се дели на народот, па се надевам дека ќе има чесни и активни кандидати кои ќе се пријават за тие позиции ( внимавајте, кражба од организациите се казнува со бан )
- Враќање на Македонските региони под грчка окупација и обид за враќање на регионите под српска окупација при поволна состојба ( за тоа ќе биде најавено предвреме и ќе се чека на поволна шанса, но доколку не ни се укаже таква, сами ке си ја направиме
)
- Продолжување со надградба на фабриките во националната организација и изградба на нови фабрики ( тоа ќе се случи доколку сме во можност да го направиме истото, но сигурен сум дека има уште доста кое што ќе може да се направи во тој поглед )
- Формирање на цивилна воена армија ( тие луѓе всушност ќе бидат сите цивили кои работат или ќе работат за минималец притоа добивајки опрема од државата, но со многу поголема ативност и подобра организација и секако работа за која ќе бидат потребни барем двајца луѓе за да ја извршат според можностите )
- Продолжување со работа за рефунд ( поволна за сите оние кои што немаат време да доагаат онлајн, за да може да се здобијат со повеќе ХР поени и штета за ранк ( за оние кои што сакаат да се пријават може да ми пишат порака )
Тоа би било се, па
како ќе одлучите да гласате на 5-ти е ваше право. Запомтете, вашиот глас е ваше право, затоа не дозволувајте некој да ве купи за некоe лепче ниту да ве убедува во спротивното, туку дадете го за оној кој вие мислите дека го заслужува!
Со почит,
Speedy
***Додаток***
Линк за формуларот за рефунд (оние кои што го немаат нека кликнат
ОВДЕ и нека го стават формуларот во обележани страници на пребарувачот. За да добиете рефунд, мора да го пополните формуларот откако ќе сработите. Рефунд добиваат само оние кои што работат за минимална плата во некоја од државните фирми чиј сопственик е националната организација )
Previous article:
Први чекори во Secura (12 years ago)
Next article:
Претседателско обраќање ( важно да се прочита ) !!! (12 years ago)