Esim - Добредојдовте во Република Македонија!!!
Login:
Password:

Forgot password Register

Article


72
Добредојдовте во Република Македонија!!! (Old article)
Posted 11 years ago by
You say fyrom i say FUCK YOU    
Report


Како што е напишано и во насловот, како претседател на државата јас сум должен да ви посакам Добредојде на сите вас во нашата држава Република Македонија
Да, впрочем овде сме Република Македонија, без наддавки, без мајмунлаци со името од нечија страна и ова е и најниското име до кое некогаш би "спаднале" (на другиот сервер односно на Примера е-Сим, името на нашата држава е само Македонија, без наддавката република ).
Јас би сакал се да ви претставам во кратки црти, но за жал можеби тоа не е можно, но како и да е, во ваша корист е да ја прочитате статијава цела до крај долга или кратка.

На сите ни е позната манипулацијата на некои други игри (ерр...) со нашата држава и нејзиното име, па иако јас сум само двоклик таму последниве 2 години, последниве неколку дена и јас го забележав тоа и сум револтиран како и вас, но за разлика од вас јас ја видов разликата уште на почетокот на е-Сим па така таму останав двоклик а активно ја играв оваа игра.
Некои од вас можеби и ме знаат, но сигурно повеќето од вас немаат ни слушнато за мене, но тоа впрочем и не е важно, она што е важно ќе ви го напоменам во неколку црти подолу така да се надевам дека истото ќе ви биде од голема корист и на вам, но и на нашата држава!


Моментална состојба во Република Македонија


До пред некое време ние бевме целосно окупирани. Зошто? Затоа што нашиот северен и нашиот јужен сосед очајно сакаат да го земат нашиот висок регион, а бидејки ние бевме на страната на нашиот северен сосед и се боревме за нив иако немаа речиси никакви шанси да стигнат ни близу до заземање на НАШИОТ висок регион, поради таа причина бевме целосно окупирани од јужниот сосед како би избегнале големо одвлекување на нашата штета во нивните битки (доколку не оставеа слободни ќе можевме да имаме директна војна со нив освен востанијата ).
Неколкумесечната целосна окупација беше впрочем и причината за моето кандидирање за претседател, па веднаш откако ја презедов претседателската фотеља, Република Македонија стана неутрална држава спрема соседите, а успеав и да постигнам договори со нив кои се од голема важност за нашата држава.
Повеќе за тоа може да видите на следниов линк (значи кликнете овде =))
Импресивно нели? =)
За оние кои што се прашуваат како успеав да го направам тоа, па да речеме дека ги знаев оние луѓе кои што требаше да ги знам, а ионака имам доста големо влијание во играва и почит од многумина така да за мене речиси ништо не е невозможно.
За оние кои што немаат намера да ја читаат целата статија, треба да знаат дека:
- Република Македонија не учевствува во битките на Западна Македонија и Пелагонија на ниедна страна односно, ниту на српска, ниту на грчка, ниту пак на Македонска страна. Тие 2 региони се оставаат на Србија и Грција да се борат за нив, а онаа држава која што ќе успее да ја земе пелагонија ( нашиот висок регион ) и да ја држи окупирана секоја недела ќе ни плаќа кирија без ние да мрднеме со прст, додека пак останатите 4 региони од државава ќе ни останат слободни и никој нема да не дира на нив се додека ние не се мешаме на битките во гореспоменатите региони

Некои од вас може ќе се прашуваат зошто не се бориме наместо да се договараме?
- Тоа е од проста причина, бидејки ние немаме ниту доволно популација ниту доволно воена сила за да би се спротиставувале на србија или пак грција. Може ќе успееме да одбиеме 1 напад, ако имаме среќа дури и 2, но после тоа неизбежната ситуација е она што беше и до скоро т.е. целосна окупација на државава што несакам ни да го помислам а не пак да го дозволам да се случи, барем не додека сум јас претседател на државава.


Вашата важност за државава


Како нови играчи може и да помислите дека вие не сте од никаква важност за нашата држава. Тоа е далеку од вистинскиот одговор.
Секој од вас е важен за нашата држава, некој помалце некој повеќе, но СЕКОЈ државјанин на Република Македонија е важен за државата на еден или друг начин и не дозволувајте на никој да ве убеди во спротивното, дури ни на самите вас, затоа "откажете се од откажувањето од играва и продолжете да ја играте" за вас, за нас, а најповеќе за нашата држава!
Секој од вас може да допринесе на политички, економски и воен план!
Секоја идеја, активност, штета во битките од ваша страна е значајна и за вас и за нас останатите но и за нашата држава поради која впрочем и ја играме играва!
Колку поголема популација имаме, толку подобра економија ќе имаме, а ќе имаме уште поголема воена сила и влијание на битките!


Воени планови ( сегашни и идни, накратко )


Засега, како што кажав, поради малата воена моќ која што нашата држава ја поседува, ќе се почитуваат договорите со Србија и Грција, затоа ќе ве молам и вас да ги почитувате тие договори бидејки од тоа зависи и иднината на нашата држава. Никој несака да игра во држава без региони, така да сите потенцијални нови играчи уште веднаш би се откажале доколку ја видат Македонија целосно окупирана, а тоа е нешто што треба да го избегнеме.
Се разбира, она кон кое што се стремиме и да ја зголемиме популацијата на барем солидно ниво за кое што сте потребни сите вие, не само да продолжите да ја играте играва, туку и да поканувате нови играчи.
Кога популацијата на државава ќе биде барем приблично до солидно ниво ако не повеќе, ќе почне да се работи на зајакнување на играчите на воен план, т.е. новите играчи ќе се помагаат како истите би можеле да го зголемат нивното влијание во битките за сојузниците чии што битки засега ќе ни служат како тренинг битки, а потоа да може истите да ја бранат и нашата држава кога ќе решиме да си ги вратиме сите наши региони ( кога ќе бидеме доволно моќни за тоа, нешто за кое што е потребно малце време и многу повеќе играчи ), но и да окупираме нови региони што е впрочем и целта на играва, па зошто да не, да станеме и светска сила, да го владееме балканот, но и некои од останатите делови од светот во играва.


Совети кои што ќе ви послужат најповеќе


Како нови играчи, многу е тешко да се снаоѓате за опрема за пукање ( освен ако не купувате Gold
со пари како би имале со што да купувате опрема ), затоа, како би си помогнале самите на себе но и на државата, препорачливо е да работите во државни фирми за опрема ( за тоа може да се договориме дококу ме контактирате мене преку порака ), која што е далеку повредна од она што ќе го добиете како плата доколку се одлучите да работите за плата.
На младите играчи најчесто се дава само храна за работа во државните фирми која што ви овозможува да направите барем некоја штета која што ќе ви послужи за кревање на ранк што впрочем значи и зголемување на јачината на ударот, но исто така и за кревање на број на XP поени, кревање level и добивање злато што е и премногу лесно кога сте млад играч.
Обрнете внимание на тоа дека првото ниво на кое што се добива злато е level 7, а после тоа на секој level се добива по 5 злато

=> Како да играте на почеток и како најлесно да се здобиете со злато?
- Прво кое што би ви препорачал е да не пукате воопшто во првите неколку дена!
Зошто? Причината е едноставна. Постојат тренинг битки за младите играчи во кои што може да се борите само додека имате низок level на XP поени, така да само со тренинг и работа во првата недела-две како би се здобиле со повеќе сила а воедно би собрале и повеќе опрема за пукање ќе имате повеќе од доволно сила за да направите солидна штета, па така лесно би можеле да земете некој BH медал во тренинг битките за ниските нивоа, со кое што би заработиле злато кое што ќе ви послужи многу додека сте помлад играч

=>За што да го искористите златото кое сте го собрале на почеток?
- Најдобар совет за тоа би бил да Купите премиум акаунт со злато ( чини 20 злато за една недела ) доколку неможете да го сторите тоа користејки вистински пари!
Со самото имање на премиум акаунт вие добивате 50% повеќе сила при секој тренинг, а бидејки силата е правопропорционална со штетата која може да ја направите, колку повеќе сила имате толку поголема штета ќе може да направите.
Тоа добивање на 50% повеќе сила при тренинг може да се користи долго време, се додека не се достигне максималната сила на серверот, т.е. силата кои што ја имаат играчите кои немаат пропуштено ниту еден ден тренинг ( како на пример јас ), што значи дека иако сте млад играч вие сепак можете да ја достигнете максималната сила на серверот и да се изедначите со другите!


За останатите работи


- Како што забележавте, ние несмееме да пукаме на битките кои што се одвиваат на Западна Македонија и на Пелагонија и на битки кои што ги вклучуваат оригиналните региони на Србија и Грција, така да доколку сакате да пукате ќе мора да се преселите во некоја друга држава каде што има битка и да се борите таму, но сепак ќе гледам да најдам некои доволно пријателски расположени држави кои што имаат директни војни за да би можел да потпишам МПП со нив и да можете да се борите за нив додека се наоѓате на регион во нашата држава.
- Неутрални сме само спрема Србија и Грција од нашите соседи, така да за Бугарија може да се пука во било кое време доколку не се работи за напад на Бугарија кон некој оригинален Српски или Грчки регион
- Вчеравечер завршив со преводот на туторијалите во играва на Македонски јазик, така да се надевам дека деновиве истите ќе бидат вметнати во играва и ќе може да ви помогнат да осознаете многу работи во е-Сим и за она кое што и како функционира.
- Доколку некој од вас има некое прашање на кои што неможе да го најде одговорот, слободно нека ми напише порака на мојот профил и ќе се обидам да ви помогнам колку што можам

You say fyrom i say FUCK YOU
o7


Previous article:
Did someone say BH hunting? (11 years ago)

Next article:
Hrvati BUDITE SE (11 years ago)

ESim
or
Register for free:
Only letters, numbers, underscore and space are allowed (A-Z,a-z,0-9,_,' ')
Show more

By clicking 'Sign Up!', you agree to the Rules and that you have read the Privacy Policy.

About the game:


USA as a world power? In E-Sim it is possible!

In E-Sim we have a huge, living world, which is a mirror copy of the Earth. Well, maybe not completely mirrored, because the balance of power in this virtual world looks a bit different than in real life. In E-Sim, USA does not have to be a world superpower, It can be efficiently managed as a much smaller country that has entrepreneurial citizens that support it's foundation. Everything depends on the players themselves and how they decide to shape the political map of the game.

Work for the good of your country and see it rise to an empire.

Activities in this game are divided into several modules. First is the economy as a citizen in a country of your choice you must work to earn money, which you will get to spend for example, on food or purchase of weapons which are critical for your progress as a fighter. You will work in either private companies which are owned by players or government companies which are owned by the state. After progressing in the game you will finally get the opportunity to set up your own business and hire other players. If it prospers, we can even change it into a joint-stock company and enter the stock market and get even more money in this way.


In E-Sim, international wars are nothing out of the ordinary.

"E-Sim is one of the most unique browser games out there"

Become an influential politician.

The second module is a politics. Just like in real life politics in E-Sim are an extremely powerful tool that can be used for your own purposes. From time to time there are elections in the game in which you will not only vote, but also have the ability to run for the head of the party you're in. You can also apply for congress, where once elected you will be given the right to vote on laws proposed by your fellow congress members or your president and propose laws yourself. Voting on laws is important for your country as it can shape the lives of those around you. You can also try to become the head of a given party, and even take part in presidential elections and decide on the shape of the foreign policy of a given state (for example, who to declare war on). Career in politics is obviously not easy and in order to succeed in it, you have to have a good plan and compete for the votes of voters.


You can go bankrupt or become a rich man while playing the stock market.

The international war.

The last and probably the most important module is military. In E-Sim, countries are constantly fighting each other for control over territories which in return grant them access to more valuable raw materials. For this purpose, they form alliances, they fight international wars, but they also have to deal with, for example, uprisings in conquered countries or civil wars, which may explode on their territory. You can also take part in these clashes, although you are also given the opportunity to lead a life as a pacifist who focuses on other activities in the game (for example, running a successful newspaper or selling products).


At the auction you can sell or buy your dream inventory.

E-Sim is a unique browser game. It's creators ensured realistic representation of the mechanisms present in the real world and gave all power to the players who shape the image of the virtual Earth according to their own. So come and join them and help your country achieve its full potential.


Invest, produce and sell - be an entrepreneur in E-Sim.


Take part in numerous events for the E-Sim community.


forum | Terms of Service | Privacy policy | Support | Wikia | Alpha | Luxia | Primera | Secura | Suna | Viva | Lima | Elysia | esim political game
PLAY ON